Димитар направи хаос, Ковачевски ги жали граѓаните што немаат документи

Молчеше дека возачките нема да важат, ги бранеше политиките на неговиот претходник, “солеше” памет дека се што се случува е за наше добро, дека промената на документите не е толку голем проблем, поголеми се придобивките од договорот од Преспа за да одиме напред како држава – и по се што направи, сега му е жал. Димитар направи хаос, Ковачевски сега жали. Жал му било за луѓето кои на еден начин се во државен притвор и не можат да ја напуштат Македонија, бидејќи имаат пасош без Северна. Но не бил тој виновен, биле сите други, барем според него.



-Кога зборувате за 2020-та, 2021-ва, 2019-та, тогаш треба да се види кој каква функција имал во државата. Она што можам да кажам е дека прво јас изравуам жалење за она што нашите граѓани мора да го поминуваат во делот на обезбедување и на патни исправи, меѓутоа и на други документи. Пред се тука мислам и на личните карти и на возачките дозволи.

Одговорност не чувствува ниту поранешниот министер за внатрешни, Оливер Спасовски. Сега мора да ги средува работите неговиот наследник, техничкиот министер Тошковски.