Суспензија и кривична пријава ќе добие телохранителот на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој во саботата околу полноќ нападнал полициски службеник пред кафе бар во центарот на Скопје.
Во врска со нападот врз полицаецот кој во моментот извршувал работни задачи министерот за внатрешни Панче Ташковски вели дека постапката во Одделот за внатрешна контрола е завршена.
Министерот очекува соодветна постапка против телохранителот кој го извршил нападот откако припадниците на МВР ја завршиле полициската акција.
Предходно во јавност беше објавено дека членот на обезбедувањето на Мицковски, спречил влез, првин со вербално напад врз полицаецот, а потоа и физички, со туркање и боксови во пределот на главата, иако бил предупреден дека полицајци извршуваат службени дејствија.
Телохранителот ќе биде суспендиран од работа се до донесување на правосилна пресуда која ќе биде донесена во рамки на постапка по наредба на јавен обвинител, а МВР во текот на денот ќе поднесе кривична пријава за напад врз службено лице.
Истражните органи целосно да го расчистат случајот порача и дополнителниот заменик министер за внатрешни Митко Бојмацалиев кој повика да не се политизира инцидентот, во кој според него полициски службеник спречил колега во вршењето на службени дејствија.
,,За мене е неприфатливо припадник на македонската полиција да спречи друг припадник во вршење на службени дејствија. А политичките партии да се воздржат од тоа дали некој ќе биде обезбедување или не, тоа кажуваме ние во МВР”, порачува дополнителниот министер од СДСМ.
За случајот се чека одговор и од обвинителството кое ќе постапува по кривичната пријава што ја најави министерот Тошковски.
Извори во обвинителството велат дека е можно проширување на истрагата со уште две кривични дела за повеќе други лица а се зборува и за две видео снимки од инцидентот кој што можат да видат употребени во истрагата.






