Партијата Нова алтернарива ќе оди со свои листи во сите шест изборни единици, а кој ќе биде кандидат за претседател ќе кажат органите на самата партија откако ќе се проценат позитивните и негативните страни, вели градоначалничката на Скопје и претседател на партијата Данела Арсовска.



„ Сакаме да им кажеме и покажеме на граѓаните дека работите можат да фунционираат и дека треба да се променат. Потребни се одговорни политичари, а не лажговци и манипуланти.

Ние ќе излеземе на изборите и ќе освоиме онолку гласови колку што сметаат граѓаните и ќе ни биде чест.

Јас ќе бидам носител на листата од Нова алтернатива во Изборна единица 1 и тој предизборен дуел граѓаните треба да го очекуваат, вели Арсовска во СТУДИО 10 на ТВ 24.

Во ИЕ 1 носители на листи меѓу другите се Христијан Мицкоски, Димитар Ковачевски и Димитар Апасиев.