Ако властите во Скопје ги исполнат ветувањата, заедно со ветувањето на премиерот Зоран Заев да прифати географска одредница, разговорите за името со посредство на ОН би можеле добијат побрзо темпо, пишува „Катимерини“.
Во таков случај, а тоа е многу веројатно, велат извори, грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коцијас, да лета до Скопје и тоа ќе биде прв директен лет до Скопје од Атина после многу години.
Грчкиот министер за надворешни работи го поздрави потегот за преименување на аеродромот и на автопатот, истакнувајќи дека се работи за „позитивен чекор кон одвраќање она што се случуваше во изминатата деценија кога се создадоа тензии во односите меѓу двете земји“.
За Коѕиас, тоа е „важен развој во насока кон справување со иредентизмот“, пренесе грчкиот весник.
Премиерот Зоран Заев, денес изјави дека Скопје е подготвено да прифати географска одредница во идното име и неговиот кабинет одлучи да го преименува аеродромот во главниот град од сегашниот „Аеродром Александар Велики“ во „Меѓународен аеродром Скопје“.
Истовремено, пренесе „Катимерини“и националниот автопат од „Александар велики“ ќе го добие името „Пријателство“.





