Екс амбасадорот на Македонија во НАТО Зоран Дабиќ смета дека испраќање на две етнички делегации во Минхен е можен знак за паника во редовите на власта.
На Минхенската безбедносна конференција деновиве учествуваат две делегации од Македонија кои ги предводат претседателот Пендаровски и техничкиот премиер Талат Џафери кој е придружуван од министерот за надворешни работи Бујар Османи.
,,Учество на две одделни етнички делегации на Македонија на познатата Минхенска безбедносна конференција покажува дека концептот “Едно општество за сите” и официјално е напуштен.
Сите овие години Претседателот и Премиерот се договарале кој ќе учествува, главно наизменично.
Координација, свесно или не, нула.
Или можеби паника”, пишува амбасадор Зоран Дабиќ кој не може да разбере зошто Македонија е единствена земја со практично три делегации во Минхен.
Поврзана вест
Катастрофална порака на Пендаровски, Џафери и Османи од безбедносната конференција во Минхен






