Поделена во два табора Алијансата за Албанците денеска го одржува вториот вонреден Конгрес во рок од 3 дена, јавува ТВ Клан.



Во петокот се одржа Конгресот свикан од претседателот на партијата Арбен Таравари, додека денеска во Скопје ќе се одржи конгрес што го свика претседателот на Собранието Зиадин Села.

Таравари го разреши Села, Села ќе го разрешува Таравари

„Денеска, недела (18.02.2024) со почеток во 13:00 часот, во Салата на опера и балет во Скопје, ќе одржи IV вонреден конгрес на Алијансата за Албанците.

Свечениот дел со говорите на официјалните лица ќе биде отворен за медиумите, додека по за разботниот дел ќе има изјава за медиумите“, се наведува во соопштението.

На овој конгрес, како што предупреди Зиадин Села, ќе се гласа за разрешување на претседателот на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари.