Тошковски: Известен е јавен обвинител, брзо да се расчисти случајот со нападот на полицаец од колега

Министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски, информираше дека е известен јавен обвинител и побара итно расчистување за настанот кој се случи синоќа после полноќ, кога полицаец кој не бил на должност во кафуле нападнал колега на должност



-Полицискиот службеник Ивица Б. е приведен синоќа по полноќ откако спречил колеги полицајци во акција на откривање недозволена трговија во познат локал во Скопје.
Во однос на инцидентот кој се случи изутринава пред угостителски објект на територија на СВР Скопје, а во кој биле инволвирани полициски службеници, сакам да ја известам јавноста дека најостро осудувам секаков вид на насилство, а особено кога тоа е сторено од вработени во Министерството за внатрешни работи.
За наведниот настан веднаш е известен надлежен јавен обвинител кој даде насоки по кои во моментов се постапува, а од страна на надлежните служби во министерството побарав максимално професионално и согласно стандардните оперативни процедури да се постапи, се со цел во најбрз можен рок да се расчисти овој случај, а за исходот од преземените дејствија веднаш ќе биде известена јавноста“, напиша министерот.