Останува ли само пуста желба „скратена работна недела“ во Македонија?!

Развиените економија размислуваат за воведување на четири дена работни, а плата како за пет, со цел да имаат поголема продуктивност, но и да го намалат недостатокот од работна сила во компаниите. Но засега и според работниците и работодавците вакво нешто е невозможно во земји со низок стандард. Фабриката за конфекција „Мода“ од Свети Николе, но и други текстилни фабрики во Македонија, околу 60 проценти од своето производство го извезуваат во Германија. Но, да се пласираат производите на Запад и да се исполнат барањата на компаниите од надвор станува се поголем проблем.



Додека во Европа на големо се зборува и се прават пилот проекти за воведување на четиридневна работна недела, со цел зголемување на продуктивноста, за македонската преработувачка индустрија ваквите најави се само „пуста желба“. Соочени со голем недостиг на работна сила, тие велат дека едвај успеваат да постигнат и да ги завршат нарачките однадвор и со шест работни дена во неделата.

Нас ни фалат денови, а не пак да ја кратиме работната недела“, вели Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи на Македонија и сопственик на фабрика за конфекција „Мода“ од Свети Николе.

Тој коментира дека идејата за четиридневна работна недела е неизводлива работа за преработувачката индустрија, иако има одредени гранки во земјата кои можат тоа да го направат без проблем.

И според Кристина Ампева од Гласен Текстилец ваков модел за работа 4 дена во една седмица може да се воведе во стабилни економски држави.

  • „Мислам дека сме далеку од тоа бидејќи ние се уште се соочуваме со неплатена прекувремена работа за време на празник или во ден неделен одмор. Оттаму нели го инициравме и оној Закон недела неработен ден коишто за жал не ги опфати трговските центри. Меѓутоа, тоа го прават држави коишто се свесни дека продуктивноста на работниците зависи од тоа колку се задоволни на работното место и колку имат одмор, колку се платени и слично“, изјави Кристина Ампева од Здружението за борба за работнички права „Гласен текстилец“.

Според Организација на работодавачи одредени гранки од реалниот сектор  би се соочило со сериозен проблем, посебно кога роковите за испорачување на производите. Но, сметаат дека би било добро да се донесе законска можност, па компаниите со одредени дејности, доколку сакат  би можеле да го имплентираат и наместо пет, нивните работници би работеле четири дена во неделата.