Вработените во основно и средно образование извисија за повиоски плати и услови за работа откако министерството за финансии го закочи процесот за преговарање со синдикалната оргазнаиција СОНК. Оттаму, велат дека заради долгомесечно натегање дали овој синдикат и на хартија ја потврдил репрезентативноста, правата на наставниците и останатите вработени тапкаат во место.
Прашуваат кому му пречи, СОНК да има репрезентативност. Комисијата е составана од членовите на Економско социјалниот совет, однодно од по три члена од Сојузот на синдикати на Македонија, Организацијата на работодавачи и по еден од министерствата за труд и социјална политика, за финансии и за економија.

- „Ова го цениме како злосторничко здружување на членовите на комисијата диригирани од еден центар. Членовите организирано прават опструкција, односно на закажани седници во поседен момент информираат дека не се во можност за присуствуваат. Тоа го прават наизменично и сметам дека се договараат. Тоа истото се прави и со КСС. Целта е да се нема репрезентативност и да не се потпишат колективните договори, а со тоа да паѓа и довербата во синдикатот,“ изјави Неделков.
Тој најави дека членовите на СОНК нема да седат со скрстени раце шест месеци заради претседателските и парламентарните избори и дека во наредниот период ќе преземат поконкретни чекори. Смета дека и во услови на техничка Влада може да се добие репрезентативност бидејќи не треба да се менуваат закони, туку само да се утврди фактичката состојба. Според изборните правила, за време на мандат на техничка Влада не може да се потпишуваат колективни договори.




