Иран: Со калашников“ убил 12 роднини

30-годишен маж уби 12 роднини, меѓу кои и неговиот татко и брат во Иран, објавија официјалните медиуми во саботата, пренесе Ројтерс



Тие рекоа дека мажот, кој не е идентификуван, користел автоматска пушка „калашников“, а подоцна бил застрелан и убиен од безбедносните сили во јужната централна провинција Керман.

Причината за пукањето во зафрлено рурално село, била – семеен спор.

Масовните убиства се ретки во Иран, каде што ловечките пушки се единственото оружје што луѓето смеат да го поседуваат.

Пред две години, отпуштен вработен во државна институција во западен Иран застрела и уби три лица и повреди пет пред да се самоубие.