,,Ако се предале, се предале” – За Колозова најстрашно е што СДСМ е пасивизирана

Професорката Катерина Колозова смета дека СДСМ е пасивизирана и најверојатно се предала по вчерашното интервју на Оливер Спасовски кој доживеа тежок дебакл.



Во обид да прикаже дека некој друг а не СДСМ го контролира јавниот простор Колозова објавува обид на групата МВР-ППП (Полициски припадници и поранешни) да биде споделен линк до видеото од интервјуто на Телма со екс министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Таа со фото овој обид за објава за кој Фејсбук бара безбедносна проверка се обидува да објасни дека се случува нов фашизам без да даде конкретни аргументи за својот став.

За Колозова која важеше за еден од најсериозните апологети на власта на СДСМ и ДУИ и која пред една недела го обвини техничкиот министер Панче Тошковски дека е виновен за кризата со пасошите сега смета дека е можно во СДСМ да се предале и да се исти како и другите.

Колозова сега се оградува од СДСМ и се претставува како дел од граѓаните.

,Најстрашно и СДСМ пасивирани, ко да се предале. Ако се предале – предале. Стварно сите сте исти, а малку не има што сме предадени на битката против орбановската илиберална демократија… Лошо ќе биде. За да се одбраниме – како и секогаш, сѐ ќе остане на нас, граѓаните”, пишува апологетката на СДСМ.

,,Почна новата ера. Само спремете се, новиот Латас не е Латас, новиот Грујо не е Грујо. За добар фашист треба способности кои овие деца на транзицијата и пост-номенклатурата, ги немаат. Ај на здравје да ви е “разочарани либерали.” И сите сте штама – се спремате за новата ера послушност. На здравје, ведната главја сабја не сечит”, пишува Колозова која е на платниот список на владата на СДСМ и ДУИ.