Алијанса на Албанците синоќа одржа вонреден Конгрес на кои беа поништени одлуките на Партиското собрание АА од 10 февруари како нелегитимни и донесе одлука за укинувањето на Зијадин Села од функцијата претседател на Собранието.
По усвојувањето на Деловникот за работа на Конгресот, делегатите едногласно донесоа неколку одлуки, меѓу кои се усвои кандидатурата за претседател на државата на претседателот на партијата Арбен Таравари, како предлог на Претседателството на Алијансата за Албанците, поддржано од Европското движење за промени.
Таравари и села – секој со свој партиски конгрес
Зијадин Села кој се спротивстави на идеите на Таравари за коалиција со БЕСА; Алтернатива и Демократското движење, за утре закажа Конгрес на кој ќе се расправа за разрешување на Таравари.
Конгресот на Села ќе се одржи утре (недела) во 13 часот во Националната опера и балет во Скопје.
По расколот во Алијанса, на барање токму на Зијадин Села беа сменети двајца министри, кои беа од крилото на Таравари, министерот за здравство Фатмир Меџити и министерот за администрација и информатичко општество, Азир Алиу.





