Сопругата на Џулијан Асанж(59) во четвртокот изјави дека основачот на Викиликс ќе умре доколку биде екстрадиран во Соединетите држави, пред неговата последна жалба против пресудата на Обединетото Кралство.



„Ситуацијата е исклучително сериозна. Џулијан би можел да се најде во авион за Соединетите Држави за неколку дена“, кажа сопругата на Асанж, Стела.

Асанж (52) се бара под обвинение за шпионажа во САД и од април 2019 година е приведен во затворот Белмарш со висока безбедност во југоисточен Лондон.

Претходно тој помина неколку години затворен во амбасадата на Еквадор во Лондон за да избегне апсење на потерница за обвиненијата за силување во Шведска кои на крајот беа отфрлени.

Асанж го чека дводневно сослушување во Британија во вторник и среда.

Ситуацијата е „исклучително тешка“, бидејќи неговото ментално и физичко здравје биле „во опаѓање“, рече таа. „Ако биде екстрадиран, ќе умре“, додаде таа.

Американските власти сакаат да го изведат Асанж на суд за откривање на американските воени тајни за војните во Ирак и Авганистан.