Навивачите на Абердин со македонско знаме го бодрат Миовски

Во нецели две сезони во дресот на Абердин македонскиот напаѓач Бојан Миовски прерасна во вистинска икона меѓу навивачите на шкотскиот фудбалски Премиершип, кои со државното знаме на Македонија го бодрат нејзиниот репрезентативец.



Миовски со 13 гола и две асистенции е втор стрелец во елитната конкуренција во Шкотска, а неговиот биланс од вкупно 22 погодока сезонава ќе беше поголем ако ВАР необјасниво му го поништи голот за победа во ремито 3:3 против Мадервел прексиноќа на „Питодри“.