Ако немате респект кон бизнисот, не си го губете времето, не доаѓајте“,и порача на власта првиот човек на Стопанската комора Бранко Азески.
Азески, преку тонска снимка покажа како изгледа една средба со владини претставници на која бизнисот сака да ги каже приоритетите во работењето и уште повеќе проблемите.
„Ќе си одам јас ама ќе останат министрите тука“, вели премиерот на снимката, но министрите, како што објасни Азески, си отишле пред премиерот.
-Не може таков однос, треба да имаш респект за да влезеш во оваа куќа, а ако немаш респект, не влегувај, не си го губи времето. Ако не ти требаа оваа куќа, избриши ја“, рече Азески револтирано.
На трибината во дел посветена на сивата економија во земјата, на која Азески се обиде да го претстави односот на власта кон бизнисот, кој е само декларативно позитивен, а практично е без реална активност, се дискутираше за проблемите во домашната економија.





