Алексеј Навални, притворениот лидер на руската опозиција, почина во затвор, соопшти денеска Регионалниот оддел на поправната служба.
Навални е роден на 4 јуни 1976 година во воениот град Бутин, округот Одинцово, Московскиот регион.
На 22-годишна возраст дипломирал на Правниот факултет на Рускиот универзитет. Една година по дипломирањето, тој се запишал на Финансискиот факултет при Владата на Руската Федерација, каде студирал вредности и размена.
Во 2010 година, по препорака на шахистот Гари Каспаров, тој заврши шестмесечна програма како стипендист на Универзитетот Јеил.
Во 2004 година, тој го започна својот политички ангажман кога го основа граѓанското движење „Комитет за заштита на московјаните“, граѓанско движење против корупција и кршење на правата на граѓаните. Една година потоа го поддржа Младинското движење ДА!
Подоцна беше член на две партии – партијата Јаблако и движењето Народ.
Веќе тогаш Навални почна да изразува сериозно несогласување со владејачката партија на Владимир Путин, Единствена Русија.
На изборите за градоначалник на Москва во 2013 година, тој освои 27,24% од гласовите, губејќи од Сергеј Собјанин (Единствена Русија).
Од ноември 2013 година е на чело на Централниот совет на политичката партија Русија на иднината.
Во декември 2016 година, тој ја објави својата намера да учествува на претседателските избори во Русија, кои се одржаа во март 2018 година, но барањето му било одбиено „незавршени судски постапки“’.
Еесента 2020 година, истражување покажа дека Алексеј Навални е меѓу првите пет јавни личности на кои им веруваат Русите.
Тој е номиниран за Нобеловата награда за мир во 2020 и 2021 година.
Сепак, најгласниот критичар на Кремљ беше приведен по пристигнувањето на аеродромот Шереметјево во Москва на 17 јануари 2021 година.
Навални пред апсењето беше во Германија, каде што беше префрлен во август откако ненадејно му се слоши за време на авионски лет во Сибир.
Лабораториите во Западна Европа заклучија дека Навални бил отруен со нервен агенс од семејството Новичок. б92





