Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Мартин Костовски, за „24 Анализа“ на телевизија 24 истакна дека СДСМ е во постапка на именување кандидат за претседателските избори.
„Имаме голем кадровски потенцијал, што е наша среќа и наше богатство.
Предложени се голем дел имиња, од поранешни претседатели на партии, поранешни претседатели на државата, поранешни генерални секретари, истакнати современици во општеството.
Јас едно можам да кажам сигурен сум дека кандидатот на СДСМ ќе биде личност, којашто ќе биде идниот претседател на државата“, порача Костовски.





