Така, за денеска Таравари свика вонреден конгрес на партијата во 19 часот во хотелот „Александар палас“ во Скопје, а за во недела конгрес свика Зијадин Села на кој е најавено разрешување на претседаталот Арбен Таравари.
„Врз основа на член 31, точка 1 од Статутот на Алијансата за Албанците, претседателот на партијата д-р Арбен Таравари повика на вонреден конгрес во петок, 16 февруари 2024. Промената започна!“, напиша пратеникот на АА Халил Снопче, кој е поддржувач на Таравари.
Министерот за правда, Кренар Лога, кој е поддржувач на Зијадин Села за самостоен настап на партијата на претстојните избори, соопшти дека конгресот на АА ќе се одржи в недела во 13 часот во Националната опера и балет во Скопје.
„Нема промена на датум и локација. Добредојдовте во нашиот дом! Секоја друга информација која кружи освен оваа официјална информација е лажна и обид за измама и дефокусирање на членството“, напиша Лога.






