„Ниту сум била, ниту ќе бидам, на сите тоа им е јасно“ изјави поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска во изјава за ТВ21 во која целосно ги отфрла наводите дека таа е кандидатот на СДСМ за претседател на државата.



„Дементот“ е реакција на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој во дебатнниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 синоќа рече дека слушнал гласини дека токму Шеќеринска ќе биде изборот на СДСМ за кандидат за претседател.

„Последната информација што ја добив е дека на едно место, пред некој ден кажал дека Радмила Шекеринска сега ќе била кандидат за претседател“ рече Мицкоски.