Атина би можела да го признае Косово, ако тоа го побара Вашингтон, поради неколку причини. Меѓу нив е и најголемата – економска, поради притисокот што доаѓаат од ЕУ и од Германија.
Друга сериозна причина е безбедноста, поради аспирациите на Албанците, но и на Турците кон грчката територија, пишува српски „Спутник“.
Овој портал ги цитира зборовите на Душан Јањиќ од Форумот за етнички односи, во кој се вели дека по преговорите за името на Македонија на ред е прашањето за признавање на Косово.
Јањиќ забележува дека Вашингтон и НАТО, во рамките на новата политика на Доналд Трамп, сака да го засили присуството на Америка на Балканот и потиснување на Русија, така што е сигурно дека НАТО ќе одигра важна улогата.
Запрашан зошто Грција сега би го признала Косово, Јанјиќ вели дека има неколку причини, меѓу другото и ова:
„…Доколку не се затвори прашањето за Македонија се отвораат албанските претензии насочени кон Епир, дел од Чамирија (област населена со Албанци). Затоа, Грците ќе сакаат да се затвори ова прашање“.
Соговорникот на Спутник верува дека не треба да се заборави дека 700.000 Албанци трајно или привремено работат во Грција, околу 150.000 други се во движење на релација Македонија-Косово-Албанија-Грција. Според неговите зборови, ова е силна дијаспора, поточно лоби, а грчката јавност ги прифати како факт во последните десет години. Ј
Третата работа е Турција, традиционалниот непријател на Грција особено околу „кипарското прашање“, а американската поддршка ѝ треба на Атина околу овој „замрзнат конфликт“.
Јањиќ вели дека признавањето на Косово од Грција за Америка во такви услови ќе биде огромна услуга.




