Конфликт во самонаречениот Европски блок откако Брисел им дал црвен картон на СДСМ и ДУИ

Сериозен конфликт се случува во самонаречениот Европски блок откако Брисел им дал црвен картон на СДСМ и ДУИ за законот за игри на среќа кој помина со европско знаменце во Собранието.



Откако беше нападнат од медиуми блиски на СДСМ и ДУИ дека има различен пристап за Кривичниот законик и овој за игри на среќа Пендаровски објавува дека сега за прв пат ЕУ испратила официјална реакција против законот.

,,За измените на Кривичниот законик имаше јасна европска Директива за конфискација на имот стекнат со криминал. Во тој дел, измените на Законикот се усогласени со eвропската Директива за замрзнување и конфискација на предмети и имотна корист, која освен казната затвор, фокусот го става на одземањето на имотната корист од сторителите на овие кривични дела.

Никогаш за ниту еден закон Европската унија писмено не реагирала да не се злоупотребува европското знаменце пред воопшто тој закон да биде донесен, како што ЕУ постапи сега, во овој случај, во однос на Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри.

Дописот во кој јасно се назначува дека не е почитувана процедурата, односно писмото од Европската Унија пред да биде испратено до Претседателот е исто така испратен и до Владата и до Собранието”.

Вицепремиерот Артан Груби како и сите членови на владата би требало да се запознаени со овој допис”, пишува Пендаровски индиректно обвинувајќи ја владата дека молчи за критиките од ЕУ.