Новиот републички јавен обвинител, Љупчо Коцевски вети дека ќе работи транспарентно, отчетно и ефикасно и оцениу дека Јавното обвинителство треба да го заслужи местото кое што ѝ треба да биде единствениот орган кој се бори против корупцијата.
Коцевски изјави дека Јавното обвинителство ќе покренува предмети за сите пријави и нема да прави исклучоци.

Тој денеска даде свечената изјава  пред претседателот на Собранието.



Запрашан дали ќе преземе нешто за да се отвори предмет за доцнењето при добивањето на личните документи поради промената на името на државата, новиот главен обвинител не даде конкретни детали, но изјави дека ќе се отвори предмет  за секое обвинение што ќе стигне до обвинителството, дури и по допрен глас и дека нема да има селективност во работата на обвинителството.

 „Јавното обвинителство ќе формира предмет за сите пријави, за сите што ќе стигнат до јавниот обвинит и нема да има селекција во однос на евентуалното гонење на сторителите на кривични дела.

Верувајте дека за сите, доколку има доволно докази, јавното обвинителство ќе започне постапка“, рече Коцевски.Telegrafi