Скандалозно: Директор на ДУИ фатен како мести конкурс за лекари по партиска наредба (ВИДЕО)

Директор на Здравствениот дом во Гостивар кадар на ДУИ е фатен како мести конкурс за лекари по партиска наредба, открива порталот ПорталиХ на Фуркан Салиу.



Во две видеа од кои едното е добиено од свиркач се открива дека директорот прави чистка на кандидати затоа што не биле дел од ДУИ или од Алијанса за Албанците.

Вработувањето со партиска книшка, за кое се зборува повеќе од 20 години, веќе не е само мит.

Директорот на општата болница во Гостивар, Илбер Адеми, ги тргнал од списокот кандидатите со високи поени за на нивно место да вработи кандидати блиски со ДУИ.

,,На снимката што ја обезбедивме, може да се слушне како во интервјуто директорот им порачува на кандидатите дека партијата одлучува за нивното вработување.
Овој конкурс мора веднаш да се поништи и директорот да биде разрешен”, велат од порталот кој ја објавува скандалозната сторија.

Приказната е за конкурсот во кој сите примени кандидати беа Албанци без да биде примен ниту еден Македонец.

Директорот се уште не е разрешен.

Целото видео на овој линк на ПорталиХ на Фејсбук

https://fb.watch/qdI_KcAtr6/