Во две одделени акции албанската полиција уапсила три лица при обид за шверц на дрога и оружје за Македонија. Според полицијата во акцијата во селото Рајце, кај Прењас, во близина на Струга, уапсен е Е.А.(28) жител на Фуш Круја кој во автомобил „тојота“ превезувал две вреќи со вкупна тежина од 27,3 килограми канабис.
Во друга акција на влезот во градот Елбасан се уапсени С.М. (21) и сопатникот А.М.(22), двајцата жители на Дивјака.
Во автомобил „ауди“ полицијата пронајде едно парче огнено оружје „калашников“ и 114 куршуми. Во двата случаи крајната дестинација на заплената била Македонија, стои во полициското соопштени, пренесе весникот „Илинден“-Тирана






