Таравари кандидат за претседател од опозицискиот блок на Албанците

Лидерот на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, и дефинитивно ќе „трча“ во претседателската трка како кандидат на опозициските партии на Албанците во Македонија.



Неговата кандидатура ќе биде објавена денеска на прес-конференција на градскиот плоштад во Гостивар, на која ќе бидат присутни и првенците на Европскиот сојуз за промени – Билал Касами од Движењето Беса, Изет Меџити од Демократското движење и Африм Гаши од Алтернатива, како и Беким Ќоку од Самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти, најавија од партијата на Таравари.