Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска објави фотографии од денешен настан во чест на Свети Трифун на кој таа заедно со лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски, екс министерот А внатрешни работи Оливер Спасовски и заменичката министерка за правда Викторија Аврамовска Мадиќ кројат лозја.

Фотографиите содржат повеќе интересни моменти како на пример во црно лакираните нокти на министерката за култура што е нејзино право и вкус за кој може да дебатираат модните критичари.
На друга фотографија интересно е што тројцата функционери се насмеани како некој да им кажал виц додека 600 илјади луѓе пцујат затоа што не можат да извадат пасош или сообраќајни дозволи.

Можеби најинтересна е третата фотографија на која во позадина се гледаат бледите ликови на функционерите на СДСМ а пред нив жицата со која се држат лозјата.

Некои би рекле дека оваа фотографија на денот преку бледите ликови го симболизира скорешното заминување на СДСМ од власт а жицата ја симболизира блокадата на стотици илјади Македонци кои затоа што СДСМ не обезбеди пасоши не можат да ја напуштат Македонија.






