Таравари кандидат за претседател на државата од албанската опозиција – ќе има и ДУИ кандидат, се споменува Османи

„Лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари ќе биде кандидат за претседател на државата од редовите на албанската опозиција. Но и владејачката ДУИ ќе настапи со свој кандидат на претседателските избори: како најсериозна личност за тоа најмногу се споменува Бујар Османи.“ – објави ТВ 21.



ТВ 21 пишува: ДУИ ќе настапи со свој кандидат на претседателските избори. Како што известуваат извори од ДУИ, во партијата била одржана расправа дали кандидатот да биде партиски, или непартиски. Како можни непартиски личности биле споменати Имер Селмани, академикот во МАНУ и ректор на Штуловиот универзитет во Тетово Абдулменаф Беџети, како и универзитетската професорка Беса Арифи. Но, по завршувањето на расправата одлучено е кандидатот да дојде од партијата. Како што информираатпартиски извор, како најсериозна личност се споменува Бујар Османи.

Лекарот Арбен Тарвари, лидер на Алијансата за Албанците и поранешен министер за здравство ќе биде кандидат за претседател од албанската опозиција. Ова било договорено деновиве. Официјализирано е вечерва по консултации меѓу опозиционите партии, кои се групирани во коалиција.

Алијансата за Албанците има во моментов има две крила: едното е на  претседателот на партијата Арбен Таравари, кое одлучи да оди со обединетата албанска опозиција, а второто крило е на претседателот на Собранието Зијадин Села, кој се спротивстави на одлуката на Таравари.За на 18-ти февруари, Алијансата за Албанците закажа партиски конгрес.