Во „славниот“ конфликт меѓу Атина и Скопје околу името, другите држави и нивните народи (освен можеби балканските) тешко ги разбираат грчките чувствителности и грчките стравови.



Алексис Хераклидес, професор по меѓународни односи и аналичар за конфликти на Катедрата за политички науки и историја на Универзитетот Пантеон во Атина, инаку поранешен експерт на грчкото Министерство за надворешни работи за малцинствата и човековите права во меѓународните организации (1983-1997), пишува дека за ова постојат најмалку 4 причини во својата обемна анализа.

Прво, за светот е несфатливо како толку мала, сиромашна и слаба земја, како што е Македонија, со речиси непостоечки вооружени сили и опрема (особено во 1990-тите), може да ја загрози Грција, која е вооружена до заби (импресивна поморски и воздухопловна сили, оклопни возила, специјално обучени единици  итн.). Значи, ги сметаа Грците за насилбници или параноични, најлоши узурпатори со скриени експанзионистички аспирации.

Второ, кога се обидуваат да го разбере спорот ги земаат во предвид многуте слични ситуации во светот каде има многу заеднички имиња меѓу една земја и регионот на друга соседна земја. На пример: државата Монголија и областа Монголија во Кина, Велика Британија и Бретања во Франција, Луксембург и регионот Луксембург во Белгија, Молдова во Романија и поранешната советска република Молдова. Или случаи со комплексни имиња меѓу соседните земји, на пр. Бангладеш (Бенгал) и Западен Бенгал во Индија, Источен Азербејџан во Иран и државата Азербејџан, Ирска и Северна Ирска, Мексико и Ново Мексико и други. Затоа се прашуваат: Зошто Македонија од 1991 до денес има нерешен спор, инициран одГрција, а потоа и зошто Македонија не прифаќа сложено име?

Трето, повеќето држави, особено либералните западни држави, сметаат дека самоопределувањето е неотуѓиво право на човекот и на малцинствата и основниот принцип на самоопределувањето на народите. Затоа е многу тешко да се прифати дека една држава може да ѝ наметне име или избор на име, со закана со вето на името на државата каде нејзините граѓани одбрале како да се именуваат.

Четврто, во повеќето други земји, а особено на Запад, не им е јасно чувствителноста и вознемиреноста која може да ја предизвика дрвната историја (Кинезите имаат сличен проблем со Монголија, околу тоа чиј е Џингис Кан). Што се однесува до Александар Велики, Западот има двосмислена позиција. Идентитетот на Александар и на Македонците не е кристално јасен (и покрај Вергина) за Европејците и за Американците, нешто што се рефлектира и во повеќето историски учебници…пишува Хераклидес во обемната анализа

Аргументите и стравовите на Грција се неколку отворени или скриени причини: Територијални претензии кои можат да се активираат кога Македонија ќе стане меѓународно признат субјект, дека населението во БЈРМ не е домородно туку дојдено на просторот на античка Македонија.

Натаму, проблемот со бегалците и иселувањето на негрчко население по граѓанската војна во Грција – денес, двајца од секои три жители на грчка Македонија, се дојденци од Мала Азија со размената на население во 20-те години на минатиот век. Тие се чувствуваат несигурни и бараат својот идентитет да го поврзат со античките Македонци и со славата на Александар Велики.

Повеќе тајна и несвесна причина е ноторниот факт дека 51,56 проценти од територијата на Македонија ѝ припадна на Грција по 1913 година иако Грците претставувале  само 10-11 од тогашното население, што значи дека Грција добила, многу повеќе отколку што добила доколку бил спроведен референдум со меѓународен надзор., пишува авторот на обемната анализа.

Конечно, можна причина за грчкиот ст(р)ав има свои корени во несигурноста во самиот грчки грчки идентитет:

Кои биле навистина антички Македонци, со оглед на спротивставените ставови на античките Грци, кои ги сметале за не-Грци (Демостен), за делумно Грците или за не-Грци (Тукидид, Изократ) или за целосно Грци (Херодот).

Во врска со „кражбата и фалсификувањето на грчката историја“ Хераклидес го цитира Евангелос Кофос, долгогодишен советник за балкански прашаеа при грчкото МНР, кој во една (од многуте) книга за Македонија ќе напише:

„Тоа е како крадец да влезе во мојата куќа и да го украде мојот највреден накит – мојата приказна, мојата култура, мојот идентитет“.