Најчевска: Главно е да се ослободиме од осилената мафија, регистрирана како партија ДУИ, која само сака да е на власт!

„Мафијата, регистрирана како партија ДУИ, се обидува да го пренасочи вниманието со форсирање на лагата дека таа нѐ штити од руското влијание. Всушност, мафијата ДУИ само сака да остане на власт. Ништо друго.“ – со овој остар напад кон Али Ахмети и неговата партија ДУИ и нивниот начин на практикување на власта се огласи универзитетската професорка Мирјана Најчевска преку својот фејсбук-профил.



Натаму, во својата објава на фејсбук Најчевска пишува: Ма не се ни кријат дека се мафија. Толку се осилија. Посебно со шутрачињата, кои се поставуваат како јавни обвинители и нивните платеници во правосудството.

Главна задача е: да се ослободиме од мафијата ДУИ во власта! Потоа се друго.