Мицкоски: Потребни се промени, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи идната влада

Претседатлеот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицксоки од Кавадарци порача дека се потребни промени, а до нив ќе се дојде преку изборите кои денеска се распишуваат. По повод празникот „Св. Трифун“ тој ги посети лозарите во Кавадарци, и го одбележаа еден од најзначајните денови, посебно за Тиквешијата.



„Навистина денеска е прекрасен ден овде, претходно бевме и во Неготино. Она кое што може да се забележи кај жителите во овој дел од Македонија е огромната желба и порака дека потребни се промени. Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ како што кажа градоначалникот, влада која што ќе додаде вредности и ќе ги подобри условите на лозарите, а со тоа практично уште еднашка ќе повторам ќе се подобрам и перформансите во македонската економија. Она кое што може да се забележи и во општина Неготино и во општина Кавадарци е трансформацијата која што овде се случува благодарение на градоначалникот овде во општина Кавадарци и во општина Неготино, големиот број проекти реализирани. Јас му честитам на Митко за сето она кое што го прави овдека во општина Кавадарци, голема благодарност и до мнозинството и до администрацијата која што се поддршка на работата на градоначалникот и убеден сум дека граѓаните тоа ќе го препознаат, а за 84 дена од денеска или за 70 дена од денеска ќе го поддржат кандидатот за претседател на Македонија, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, идниот претседател, но и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ќе ја предводи идната влада“ – рече Мицкоски.