Се продаваат налепници „NМК“. Едноставно некои граѓани имаат претприемачки дух. Во продавници во скопски „Чаир“ се продаваат две за 100 денари.
Додека се случува метеж во станиците за технички преглед, и на неколку страници осамнаа објави кои нудат налепница за 50, дури и со достава до домашна адреса по карго, а тврдат и дека се отпорни на надворешни влијанија.
Претходно, Министерството за внатрешни работи oдлучи налепниците со ознаката НМК да бидат на товар на МВР.
„Налепниците ќе бидат бесплатни за граѓаните и ќе треба да се залепат на регистарските таблици“, објави Министерството минатата недела.
Станиците за технички преглед деновиве се преполни.





