„…Државата заглавена во предизборни препукувања не ни забележа дека се приближува катастрофа, со обврската преземена со „преспанскиот“ за промена на името во пасошите, личните карти и возачките дозволи, како и налепниците на автомобилите“, пишува Соња Крамарска за Дојче веле.
„Институцијата задолжена да го спроведе новото име во личните документи на граѓаните покажа дека не е кадарна за тоа. Но, покажа и нешто уште полошо, а тоа е дека свесно ги измамила граѓаните издавајќи им пасоши со старото име на државата иако се знаеше дека тие нема да важат по 12 февруари 2024 година.
Првиот човек на МВР Оливер Спасовски кој требаше да ја организира транзицијата, пропадна во земја.
Заедно со своите претседателски амбиции.
Државата не спроведе ниту една кампања во јавноста за да ги потсети граѓаните на обврската за имплементирање на новото име. Таа задача остана на медиумите, кои за волја на вистината информираа за тоа уште од почетокот на 2023 година, но очигледно тоа не беше доволно.
Забуна внесоа и изјавите на државните претставници. Министерот во тоа време Оливер Спасовски, очигледно грижејќи се повеќе за својот рејтинг, даваше дозирани изјави со цел да не предизвика реакција кај граѓаните.
(…)
Угледот на Македонија, вели Крамарска, е драматично нарушен, како дома, така и во меѓународни рамки…
„Меѓутоа државата има и ќар.
Според последните податоци сепак има 1 милион и 210 илјади променети пасоши, и околу 1 милион и 100 илјади променети лични карти, како и 540 илјади возачки дозволи.
Притоа, според достапните податоци само од замената на личните карти кои се неколкупати поевтини од пасошите, досега државата инкасирала над пет милиони евра.
ЛИНК до текстот на Дојче веле






