Замената на возачките и сообраќајните дозволи до крајот на годината ќе биде бесплатана за граѓаните, а бесплатни ќе бидат и патните листови.
Од владата признаваат дека граѓаните кои веќе извадиле документи на свој трошок се дикриминирани – се бара чаре за нивно обештетување, објави Телма.
Собранието го измени законот со кој возачките дозволи со старото име на државата ќе важат до нова година, но само за внатрешна употреба.
Налепниците со кодот НМК, пак, веќе се потрошија, а онаму пак каде што сè уште ги има граѓаните велат процедурата оди брзо.





