Кому да веруваме, на Битиќи или на Бектеши кои бара повлекување на предлог-законот за гасната централата што треба да ја гради грчки „Митилинеос“

На последната седница на Владата, министерот за економија, Крешник Бектеши, побара повлекување на предложениот закон за изградба на гасна централа на грчката компанија „Митилинеос“ во Скопје.



Битиќи контра министерот за економија. Вицепремиерот смета дека во предлог-законот за централата во Железара која треба да ја гради грчки Митилинеос, а којшто е во Собрание нема ништо спорно. Од друга страна пак, министерот за економија на владина седница ќе бара предлог-законот да се повлече, а преговорите со инвеститор да почнат одново. Причината за тоа е што некои инвеститори добиваат преголеми бенефиции – неколку видови државна помош, а тоа го немало во ниту една земја. Вицепремиерот Битиќи кажа дека во Владата имало таков предлог, но стои до своето дека  Митилинеос не треба да се повлече од собраниска процедура.

Сржта на проблемот лежи во загриженоста на министерот Бектеши поради согледаната нерамнотежа во државните придобивки што им се доделуваат на одредени компании според предложените закони за стратешки инвестиции во енергетиката.  За „Митилинеос“, особено, треба да се обезбеди не само гарантирано купување на електрична енергија, туку и да добие значителна директна помош од 50 милиони евра од државата.

Од друга страна и од  Комисијата за заштита на конкуренцијата има забелешки токму за државната помош. Побарала владата да ги преиспита тие одредби и да ги избрише обврските кои се предвидени со спорниот закон, а со кои се предвидувало Комисија да ја одобри ваквата помош.

Комисија за заштита на конкуренцијата: Во едната верзија од предлог договорот стои член 11 (Поттикнувачки мерки) кои меѓу другото предвидува Комисијата за заштита на конкуренцијата да го поддржи  и одбрани доделувањето на пакетот на државна помош пред надлежните судови. Ова е целосно неприфатливо и Комисијата бара бришење на оваа формулација.

Од ваквиот став на Комисијата произлегува дилемата дали има две верзии на законот бидејќи во текстот испратен до пратениците и објавен на собраниската страница ваквиот член што го споменува Комисијата не постои. Според, информациите на некоја следна владина седница министерот за економија ќе бара повлекување и на предлог законот за изградба на централата во Пехчево. Инаку, вкупно се четири предлог закони за изградба на фотоволтаични гасни централи. Сите инвеститори добиваат низа поволности од државата, кои домашниот бизнис ретко може да ги ужива.