Руската полиција објави потерници по естонската премиерка, Каја Калас,по државниот секретар на Естонија Таимар Петеркоп и министерот за култура на Литванија Симонас Каирис, пренесуваат медиуми.
Тие се обвинети за „уништување споменици на советските војници“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, подоцна изјави дека Калас и другите балтички пратеници биле ставени на листата на барани за непријателски дејствија против Русија и „сквернавење на историската меморија“.
„Тоа се луѓе кои преземаат непријателски акции против историската меморија и нашата земја“, изјави Песков за новинарите.
Руски безбедносен извор, кој сакаше да остане анонимен, изјави за руската државна новинска агенција ТАСС дека тројцата се гонат за „уништување споменици на советските војници“ во Втората светска војна.






