Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во синоќешното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа обвини дека информацијата за обид на атентат врз Албин Курти за време на посетата на Скопје била лажна и креирана од страна СДСМ со цел да се додворат на косовскиот лидер.



„Тоа е целосно неточна информација, МВР ја демантираше.

Но, тоа е договорен спин помеѓу СДСМ и владата на Косово со цел дефокус од проблемите во Македонија и кревање на рејтингот на владата на Косово. Повторувам, ова е договорен спин кој за нивна несреќа беше брзо разобличен“ рече Николоски.

Тој уште додаде дека гледа опседнатост на СДСМ да му се умилкува на Албин Курти.

„Вака интензивна комуникација немаат со ниту еден друг. Прво во Косово беа Маричиќ и Зачевиќ, потоа Пендаровски, па Курти дојде тука.

И се ова се случува во рок од две и пол недели. Mислам дека со поблиска фамилија толку често не се гледаат“ рече Николоски кој потсети на средбите и блискоста на опозициските партии од албанскиот кампус со косовскиот премиер…