„Легален и легитимен претседател на партијата Алијанса за Албанците е Арбен Таравари“, изјави разрешениот министер за здравство Фатмир Меџити синоќа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21



Тој додава дека важно е со кого е народот.

Таравари за разрешувањето од претседател на АА: Судот ќе реши

„На крајот на краиштата не е битно на кого судот ќе го додели печатот, туку со кого е народот, кој ја има поддршката.

Во Македонија имате партии, претседатели со печати позади кои нема гласачи, поддршката од народот е битна тука“, додаде Меџити.