…Како е можно да гласаме со стари лични карти на следните избори, а не можеме да возиме низ земјава со старите возачки дозволи?



Кога услов за гласање би биле само документи со Северна Македонија партиите би трчале и би плаќале да им обезбедат такви документи на граѓаните“ вели професорот кој е активен поддржувач на СДСМ на својот профил на Фејсбук.

„Но, вака се безбедни и сè е на трошок на граѓаните. Дури треба да платат по 30 евра за патен лист што ќе им го издаваат амбасадите за да се вратат во земјава.

Како и да е. Овој гнев што со хаосот околу менувањето на документите се создава ќе влијае многу лошо врз изборните резултати пред се на СДСМ“ пишува Спасов.