Со 89 гласа ЗА, беше изгласана потребата од носење на Законот за безбедност во сообраќајот со што важноста на возачките дозволи со старото име на државата ќе биде до 31 декември. Овој закон е поднесен по обезбеден консензус на парламентарните партии.
Овој предлог закон треба да го разгледаат работните тела односно Комисијата за одбрана и Законодавно – правната комисија.





