Американскиот секретар за одбрана Џејмс Остин (70) е префрлен во одделението за интензивна нега во Националниот воено медицински центар „Волтер Рид“ во Вирџинија.
Официјални лица рекоа дека засега е нејасно колку долго ќе остане во болница, јавува Би-Би-Си.
Секретарот за одбрана беше под лупа затоа што не ја откри дијагнозата на рак на простата и престојот во болница во декември и јануари.
Во неделата попладне, Пентагон соопштени дека Остин бил однесен на лекување, а нНеколку часа подоцна, околу 16:55 часот по локално време (21:55 часот по Гринич), Пентагон објави втора изјава во која се вели дека Остин ги „префрлил функциите и должностите“ на заменик-секретарот за одбрана Кетлин Хикс.
Од болницата вечерта известија дека по направените тестови се очекува „целосно закрепнување“ на Остин, по дијагностицираниот рак на простата во декември.






