Чешкиот европратеник Микулаш Пекса вели дека на Европа ѝ треба сопствена армија бидејќи ЕУ не може да се потпре на заштитата на САД доколку Доналд Трамп биде реизбран за претседател.
Тој реагираше на изјавата на Трамп дека доколку биде реизбран за претседател, САД би можеле да не ги заштитат од евентуален руски напад оние сојузници во НАТО кои „не трошат доволно за одбраната“.
Трамп: Кој сака заштита од НАТО, мора да плати
Според Пекса, кој доаѓа од редовите на чешката Пиратска партија, таквата заедничка европска армија би можела да се финансира од Буџетот на ЕУ и да биде во надлежност на Европскиот парламент.
„Така ќе нема потреба да се грижиме дали има мнозинство за 2% од БДП во 30 различни парламенти“, вели Пекса.
САД, кои трошат значително повеќе за одбраната од другите сојузници во НАТО, инсистираат членките на Алијансата да ја исполнат договорената обврска за потребите на одбраната и да издвојуваат 2% од средствата од националниот БДП.






