Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас директно ја нападна владата во Скопје дека не ги спроведува договорите со своите партнери.
Ставен под притисок на јавноста во Грција, обвинувања за водење на тајна дипломатија од октомври 2017, и напуштање на преговорите под покровителство на ОН, Коѕиас преку Euronews откри дека во Давос бил постигнат договор што Заев не го почитува.
“Во Давос падна договор по сугестија на двајцата премиери јас да подготвам пакет за преговори но некој од соработниците ма премиерот имал поинакво мислење и затоа јас и медијаторот Нимиц моравме да го потсетиме дека тоа што го договорија премиерите важи за сите.
За идентитетот каков став имаме ние а не медијаторот, ќе кажеме во текот на преговорите. Премиерот Заев има 61 пратеник да го ратификува овој меѓународен договор. Очекувам да излезе јавно да го соопшти комплексното име со придавката пред именката”, вели Коѕиас.
“Ние не се брзаме ниту ова е наш главен приоритет. Ние сакаме да дадеме поддршка но за тоа да се исполни тие мора да исполнат одредени услови”, вели Коѕиас според кого не е сериозно ако преговарате а потоа велите дека е подобро да се отвара друг процес и повторно да се преговара.
“Промената на уставното име на ФИРОМ е важна прилика да се исполнат меѓународните договори затоа што подоцна може да дојдат други сили кој што ќе обвинат дека е прекршен уставот во преговори со нас”,вели Коѕиас кој тврди дека има доволно време да се направат уставни промени.





