„Европскиот сојуз за промени му ветува поддршка на техничкиот премиер Талат Џафери, ако ги реши проблемите со корупцијата, албанскиот јазик и Чашка. Во врска со ова упатени му се следниве предлози на Џафери: ‘Да се отстрани навредливото име за албанскиот јазик од Уставот на * Македонија, да се предложи амандман за уставно казнување во борбата против корупцијата и да се реши проблемот со албанското образование во општина Чашка.“ – информацијата за ова ја објавија ТВ Шења и други медиуми на албански јазик во Македонија.
ТВ Шења пишува: Орхан Муртезани од Европскиот сојуз за промени рече дека Џафери може да остане во историјата и навистина да испише историја, ако се реализираат овие предлози
„Бидејќи прв и најважен развоен и евроинтегративен приоритет на * Македонија е борбата против корупцијата, ова е добра можност тој да го предложи и амандманот за уставна казна во борбата против корупцијата. Ова е златна можност за нас да ги унапредиме европските вредности и да докажеме дека сите сме посветени на борбата против корупцијата, овој порок што ја урива нашата држава“. – изјави Муртезани.
Ако премиерот може да гo направи сево ова, тогаш Муртезани гарантира дека пратениците на албанската опозиција ќе ги поддржат предлозите на премиерот. Според него, во спротивно Талат Џафери ќе покаже дека е само технички администратор на техничката влада, но и случаен Албанец.
„Ако не може да ги реализира првите два предлога, еве за него полесна техничка задача: нека го реши проблемот со албанското образование во Општина Чашка. Уставот го гарантира тоа, законот за основно образование е јасен дека тоа е обврска, јасен е демографскиот преглед на оваа општина. Доволно е само техничкиот премиер да има храброст и оваа работа ќе биде завршена. Еве неколку мали задачи, кои можат да го направат голем Талат Џафери!





