Витомир Трајковски ѝ донесе на Македонија сребрен медал од Европското првенство во карате до 21 година што се одржа од 9 до 11 февруари во Грузија.
Трајковски во финалето во категоријата до 84 килограми ремизира 3:3 со Ерменецот Гор Нерсисјан, но противникот беше прогласен за победник и освојувач на златото поради правилото за прв освоен поен.
На патот до медалот каратистот на Макпетрол славеше против Давиде Лучијани од Италија со 3:2, потоа Мелос Гаши од Албанија со 1:0, Белорусинот Никита Сахвон со 6:1 и во полуфиналето Салих Халиловиќ од Босна и Херцеговина со 2:1.
За балканскиот шампион од Љубљана 2023 ова е втор медал од европските првенства до 21 година по бронзениот од Ларнака 2023, а има и сребро од СП до 21 година во турскиот град Коња во 2022 година.






