Експертите предупредуваат дека концептот на Законот за рестриктивни мерки е погрешен

Неспорна е потребата од сериозна расправа за изнаоѓање најсоодветни механизми за импликациите од правните акти на странски држави, што е и главен повод за измените и дополнувањата на Законот за рестриктивните мерки – заклучија по денешната расправа што ја организираше Здружнието за кривично право и криминологија на Македонија, што се одржа денеска во Скопје.



Покрај еминентни членови на здружението на расправата присуствуваа и учествуваа претставници на МВР, на Управата за финансиско разузнавање, на Јавното обвинителство, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, како и судии и адвокати.

Иако поканети, не присуствуваа претставници од МНР, како предлагач на измените, ниту од Кабинетот на потпретседателот на Владата задолжен за политики на добро управувањe, како иницијатор на измените, ниту претставници од Министерството за правда.Во заедничките заклучоци, кои беа донесени на крајот од расправата, се констатира дека:„Поради повеќе аспекти и тоа: меѓународниот аспект (обврските преземени со меѓународните конвенции и членувањето на државата во меѓународни организации), регулативата на САД во однос на мерки за ограничување на лица поради сериозни

кршења на човековите права и теторизмот, уставниот аспект (владеењето на правото, поделбата на власта, заштита на сопственоста и на другите права на граѓаните), кривично правниот аспект (опфатот на кривични дела), кривично процесниот аспект (овластувања за постапување на јавниот обвинител, изрекувањето привремени мерки кон имотот, обезбедување имот заради подоцнежна конфискација), како и аспекти на финансиско разузнавање, неопходно потребен е комплексен закон со кој ќе бидат опфатени сите аспекти и којшто ќе се вклопи во националниот правен систем и ќе биде во согласност со гаранциите што Уставот им ги гарантира на македонските граѓани. Само со ваквиот пристап ќе се овозможи импликациите од мерките да добијат национална основа, бидејќи за разлика од директната примена на конвенциите, странското право не може директно да се применува.Сеопфатниот приод е неопходен за да се одбегнат можни негативни импликации коишто би се состоеле во покренување постапки за оцена на уставноста на законските решенија, апликации до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, поради повреда на гаранциите на правично судење и сл.

Целиот текст прочитајте го тука.