Ќулафкова: Распад на системот, хаос, самоволие! – Базерко: Стратегијата „Не ги бива Македонците за држава“ е на најсилно!

„Хаос. Распад на системот од внатре. Отсуство на здрав разум. Од националниот интерес ни трага, ни глас.“ – реагира жестоко академик Катица Ќулафкова во врска со сите најнови случувања во Република Македонија во објавата на својот фејсбук-профил, која ја наслови како „Македонски синдром“.



Ќулафкова пишува: Хаос. Распад на системот од внатре. Изгубени во погрешни и штетни толкувања. Уште едно „автентично“ самоволие.

Крајно непопуларни мерки во предизборен период. Отсуство на здрав разум. Од националниот интерес ни трага, ни глас. Да видиш, да не веруваш.

Објавата на академик Ќулафкова предизвика, исто така, жестоки реакции. Валентина Базерко, новинарка и уредник во јавното Македонско радио реагира на фејсбук-профилот на Ќулафкова: „Стратегијата ‘Македонците не ги бива за да имаат држава’ сега е пуштена на најсилно! Едни ти негираат име, други јазик и историја, трети химна и знаме – нема што не е изнегирано! Да се правеа такви обиди во некоја друга земја од некакви експериментатори на пример, оние што би негирале одлики на народ, или на држава, многу бргу би биле испратени на психијатриска проверка! Кај нас не само што не се пратени на соодветна  ‘проверка’, туку и се платени од наши пари, распоредени по функционерски столчиња, па дури и овластени да потпишуваат криминогени и економски штетни договори во име на државата!“

Во другите реакции се наведува: „А, кај сте вие од МАНУ?“; „А има ли време уште за чекање?!“; „Нема!“