Среде хаосот на ден пред престанокот на важноста на македонските документи со „Република Македонија“, според Преспанскиот договор што го потпиша неговиот претходник Никола Димитров, а за што самиот не успеа да направи ништо конкретно, министерот за надворешни работи Бујар Османи најде време да се произнесе за ситуацијата во – Израел?!
„Длабоко загрижен поради предупредувањето за проширување на воената операција кон пограничниот град Рафах, каде засолниште нашле над 1,3 милиони жители на Газа. Тоа може да доведе до хуманитарна катастрофа, со оглед на фактот дека поради затворената граница со Египет, патот кон југ е невозможен.
Борбата против Хамас не го исклучува почитувањето на меѓународното и хуманитарното право. Цивилите мора да бидат заштитени.
Повикувам итно да се вратат преговорите, што ќе овозможи ослободување на заложниците и ќе го отвори патот за изнаоѓање траен мир“, изјави доскорешниот претседавач со ОБСЕ, сега „само“ шеф на македонската дипломатија.






