Арбр Адеми од Демократската унија за интеграција преку статус на Фејсбук ја изрази својата загриженост по неодамнешните поделби на Алијансата за Албанците.
Тој ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека не штеди ништо од српско-руските врски против ДУИ, пренесува Телеграфи објава на Адеми на социјалните мрежи.
„ВМРО-ДПМНЕ не штеди ништо од своите српско-руски врски за да им дојде на помош на дериватите на ДУИ во опозицијата инспирирана од Мицкоски.
Во овој контекст, Вучиќ, личен пријател на Мицкоски, се залага за мешање во изборите во Македонија“, пишува тој.
Адеми апелира проевропските сили не треба да дозволат каква било поврзаност меѓу Македонија, Србија и Русија да го попречи напредокот кон евроинтеграциите на земјата. /Telegrafi/






