Во најновата небулозна сторија за македонското правосудство полицајци врз основа на судска одлука отишле да приведуваат мртов граѓанин а осомничениот или сведокот цела година не е меѓу живите.
Со оглед на периодот во кој осоомничениот или сведокот е починат јасно е дека судот најмалку една година не успеал да обезбеди ефикасно судење.
,,Попладнево ми затропаа двајца полицајци на врата. Кога им отворив, посакувајќи ми добар ден, велат ја бараме таа и таа личност за стражарно да ја преведеме за судско рочиште. Ај што таа и таа личност не живее тука, туку бараното лице е починато пред речиси една година. Кога им го кажав тоа со широко отворени очи ми велат како починато, кога, еве ние имаме судски налог за приведување.. Ги упатив каде живееше тоа лице и од неговото семејство да си добијат конкретна информација…Тоа е, со македонското судство нит мртвите, нит полицијата имаат мир а за нас живите и да не зборуваме”, објави Мирјана Трпчевска новата главна и одговорна уредничка на ТВ 24.






