Водовод го избриша соопштението дека утре ќе има прекин во водоснабдувањето во Скопје

Откако објавија вест дека утре, на 11 февруари, ќе има прекин во водоснабдувањето во повеќе делови од Скопје, Водовод и Канализација го избриша соопштението кое првично беше објавено на Фејсбук.



Во првата вест што беше објавена, се наведуваше дека в недела на 11 февруари, од 17:00 часот поради интервенција на главната водоводна цевка Ф1600 мм во Рашче, намален притисок или прекин на водоснабдување ќе има речиси 90 отсто од главниот град.

Засега нема официјална информација дали останува најавата или пак се работело за грешка или недоразбирање.